Поврзи се со твојот Лекар!

Мој Лекар - Нова мобилна апликација за безбедна комуникација
меѓу пациентите и нивните матични лекари.

За апликацијата - Мој Лекар

Мобилна Апликација

Симнете ја апликацијата на својот мобилен, регистрирајте се, следете ја својата здравствена состојба според стандардизирани анкети и поврзете се со својот матичен лекар.

Анкети

Стандардизиран прашалник за пациенти во самоизолација поради Ковид-19 за следење на здравствената состојба 24/7.

Видео и ‘чет’

Наскоро во апликацијата ќе бидат вградени фукнционалности за безбедни разговори и видео конференции со вашиот матичен лекар.

Заштедете време

Поврзете се со вашиот матичен лекар, водете грижа за вашето здравје и заштедете го драгоценото време на лекарите, што е најредок ресурс во кризата.

Како Функционира?

Апликација за следење на вашата здравствена состојба и поврзување со вашиот лекар. Секаде, во секое време!

Пациентите преку своите мобилни телефони можат да ја симнат апликацијата која е достапна на Google Play. За регистрација се потребни валиден телефонски број од Македонија како и валидна електронска пошта. Апликацијата може да се користи за сопствена евиденција, но и за споделување со матичниот лекар.

Матичните лекари преку својот компјутер можат да се регистрираат во системот само доколку имаат валиден факсимил, валиден телефонски број и електронска пошта. Докторите имаат можност да се поврзат со своите пациенти, преку прифаќање на нивните покани за споделување на податоците и со тоа следење на нивната здравствена состојба.

Често поставувани прашања

Да, апликацијата е бесплатна за сите корисници. Апликацијата е изградена во рамките на непрофитни проекти со помош на донатори, кои ги покриваат сите трошоци.
Да, апликацијата е направена според сите стандарди потребни за безбедно користење, при што се запазени сите национални прописи за заштита на податоците. Повеќе околу деталите можете да прочитате на страницата Безбедност.
За докторите да се регистрираат во системот и за да добијат увид во вашите податоци, треба да поминат две проверки повеќе од тие низ кои треба да помине пациентот.

Преземи ја апликацијата!

Поврзи се со твојот матичен лекар и следи ја твојата здравствена состојба во било кое време!

Наскоро на Google Play!

За донаторите и поддржувачите



ИнноХаб и АСМЛ изразуваат благодарност до поддржувачите - Australian Embassy to Serbia, North Macedonia and Montenegro и The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States and the USAID , кои ја препознаа важноста на идејата.